
Конференција “Дислексија: предизвици, препреки и можности”
Здружението за дислексија Ајнштајн ја има честа да ве покани на завршната конференција на проектот DysCourse насловена “Дислексија: предизвици, препреки и можности” која ќе се одржи на 16-ти ноември со почеток во 10 часот и 30 минути во амфитеатарот бр.4 на Филозофскиот факултет Скопје.
Свои говори на оваа конференција ќе имаат:
Тема: Презентација на проектните резултати од проектот DysCourse
Тема: Презентација на курикулумот од курсот достапен на платформата DysCourse
Тема: Предизвиците и препреките со дислексијата во државното образование
Тема: Какво образование им е потребно на учениците со дислексија
Тема: Како да го зачуваме менталното здравје на учениците со дислексија во училиштата
пријавените учесници ќе добијат одговор за стаусот на нивната пријава, бидејќи бројот на учесници е строго ограничен.
Оваа конференција е дел од проектот “Dyslexia online teaching courses – DysCourse” финансиран од Европската Унија преку Еразмус + програмата.
Previous post
Потпишан меморандум за соработка на проектот DysCourse со општина Велес
November 7, 2022
