Џејми Оливер: „Мојата дислексија ме спречуваше да го покажам својот успех во училиште„
Денес речиси и да нема некој што не слушнал за светски познатиот готвач Џејми Оливер. Тој и неговата сопруга неодамна најавија дека планираат да имаат уште едно дете, а како Џејми од потпросечен ученик кој би третиран како дете со посебни потреби стигнал да биде еден од најпознатите светски готвачи што заработува милиони?
Џејми Оливер (46) бил потпросечен ученик кој во текот на образовниот процес бил третиран како ученик со посебни потреби, но тоа што ја избрал вистинската професија во животот му овозможило да заработи милиони.
Иако во изминатите години се соочуваше со голем број проблеми и финансиски кризи, тој сè уште цврсто стои на ранг-листата меѓу најплатените готвачи во светот со милионска сметка.
ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ НЕКОЛКУ ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА НЕГО:
Џејми Оливер е роден и пораснал во малото селце Клаверинг во Есекс, Англија. Неговите родители имале семеен ресторан каде почнал да готви. Додека бил во училиште малиот Џејми редовно им помагал на неговите родители во ресторанот.
Џејми одел во паралелка за деца со посебни потреби поради тоа што страдал од дислексија. Тој вели дека состојбата во голема мера придонела да не покаже особен успех во учењето и во студиите. Дополнително, проблем што било неговите училишта воопшто не го препознале неговиот проблем.
Според светски познатиот готвач диселксијата не е изговор за да не можете да успеете во животот. Иако не покажувал особен успех во училиштето, сепак покажал одлични резултати во готвењето и тоа го мотивирало да стане еден од најдобрите готвачи во светот.
Можноста да снима видеа дошла сосема случајно. Додека работел во River Café во Лондон во тој период се снимал документарен филм во ресторанот и му било понудено да го снима своето прво шоу The Naked Chef, по што следеле голем број шоуа.
Иако имаше големи финансиски проблеми и голем дел од неговите ресторани банкротираа, тоа не направи големи штети на неговите лични сметки. По банкротот на рестораните, според пишувањата во медиумите, Џејми загубил над 33 милиони долари, но тоа било само дел од неговото вкупно богатство.
Благодарение на неговата страст за готвење и шармот тој стана еден од најбогатите светски готвачи. По финансиските кризи, неговото богатство во 2021-та се проценува на 400 милиони долари.
Џејми и неговата сопруга Џулс имаат пет деца: Попи (19), Дејзи (18), Петал (12), Бади (11) и Ривер (5). По пет спонтани абортуси парот изјави дека размислуваат за ин витро оплодување затоа што се надеваат дека ќе добија уште едно дете.
Previous post