Вовед 1/1
Времето поминато во училиште и едукација игра голема улога во развојот на детето. Како наставник, давањето поддршка на учениците со дислексија е прекрасна можност, но може да претставува и голем предизвик. Важно е да се запомни дека детето кое се соочува со дислексија води битка, која не се заснова на ниско ниво на интелигенција или мрзеливост ниту пак тоа е нивен личен избор.
Постојат многу различни стратегии за еден наставник да ја приспособи наставата за да им помогне на учениците со дислексија да напредуваат во читањето пишувањето, аритметичките операции и временската ориентација.
За да им го појасните поимот дислексија како нормална појава, објаснете им на учениците со дислексија дека она во што се разликуваат од останатите ученици е начинот на процесирање на информациите поради различно развиени мозочни хемисфери. Или едноставно објаснете им дека тие само учат на поразличен начин од останатите ученици.
Важно да се запомни!
Најголемиот дел од стратегиите и техниките дадени во овој модул, не бараат посебно прилагодување на наставата во однос на воспоставената пракса. При употребата на подолу презентираните техники и методи со сигурност ќе увидите подобрување на училишниот успех кај учениците со дислексија, но и кај сите останати ученици.

