Проблеми при ориентација и моторни вештини
Просторна ориентација и време:
- Лошо чувство на насока (на пример, конфузија на лево и десно, проблеми со ставање на чевелот на соодветната нога – на помала возраст)
- Лоша просторна ориентација
- Тешкотии со ориентација во времето (на пример, тешкотии да научат да го кажат времето, лошо организирање на времето, немање чувство колку време е потребно за одредена активност)
Моторни вештини:
- Лошата координација која резултира со очигледна несмасност
- Тешкотии со самостојно облекување , фаќање, удирање и фрлање на топка (овие знаци се карактеристични кога е присутна и диспраксија)
- Има тешкотија да врзува врвци на патики,да закопчува копче или патент
- Неправилно држење на моливот

