Генерални стратегии за поддршка на учениците со дислексија 1/2
| ГЕНЕРАЛНИ СТРАТЕГИИ ЗА ПОДДРШКА | ||
| Стратегија | Зошто е тоа потребно ? | |
| 6. | Ученикот кој има дислексија треба да седи во клупата која е најблиску до наставникот | На овој начин наставникот може да ја набљудува работата на ученикот одблиску и навремено да му пружи поддршка . |
| 7. | Кога пишувате на табла, водете сметка за растојанието меѓу зборовите .
|
Визуелната перцепција е нарушена кај учениците со дислексија па тие често не можат да препознаат каде почнува и каде завршува зборот. |
| 8. | На ученикот не треба да му биде зададена задача да чита текст кој бара поголеми вештини од тие што ученикот ги има стекнато | Мотивацијата е многу поголема доколку барањата не се високи . На тој начин ученикот ќе чита со задоволство. Ако ученикот премногу се труди околу секој следен збор што треба да го прочита, тој ќе го заборави значењето на она што е веќе прочитано. |
| 9. | На ученикот не треба да му се задава задача со која треба да чита на глас пред соучениците. | Доколку ученикот наиде на потсмевање од соучениците додека чита, тоа во голема мера ќе ја наруши неговата самодоверба. |
| 10. | Проверете дали ученикот има непознати зборови од текстот што го чита. Објаснете ги тие зборови многу трпеливо. Пофалете го ученикот за искреноста и за поставеното прашање. | Учениците со дислексија често пати знаат да бидат дезориентирани кога ќе наидат на непознат збор. Читањето после тој збор станува отежнато. |
| 11. | Оценувајте го и вложениот труд а не само резултатот. | Учениците со дислексија трошат многу повеќе енергија при учењето. Тие го даваат максимумот од себе , за што треба да бидат наградени. Вакви постапки дополнително ќе го мотивираат. |
| 12. | Проверете го знаењето на ученикот со поставување на прашања доколку забележите дека не може да ги изрази своите знаења во пишана форма. | Често пати на овие ученици им е тешко да го изразат знаењето по писмен пат или да ги раскажат четивата по одреден редослед.
|
