Проблеми со меморирање и однесување
Проблеми со меморирање и однесување
Меморија:
- Може да памти сосема солидно додека не наиде на збунувачки стимул ( буква, збор, врева, број)
- Има тешкотии да се запомни низа од броеви, букви или упатства
- Проблеми со меморирање на азбука, денови во неделата, месеци во годината и таблица за множење
- Слаба меморија за табели / формули
- Тенденција да се заборават имињата на луѓе или предмети
- Заборава што сакал/а да каже додека некој друг зборува
- Се збунува вo средината на реченицата додека зборува – заборава што сака да каже
- Лоша работна-краткотрајна меморија ( честопати при силна концентрација да го прочита правилно зборот, заборава што прочитал)
Однесување:

- Ниска мотивација за учење
- Често се исклучува, изгледа дека не слуша и дека не ја следи наставата
- Изгледа расеано
- Има ниска самодоверба
- Фрустрација поради сопствениот недостаток на добри резултати
- Може да биде “оделенски кловн” или да е екстремно повлечен
- Брзо се заморува поради обемот на потребна концентрација и напор
