Чекори за идентификација на дислексијата
Во претходната лекција детално ги опишавме сите тешкотии/проблеми со кои се соочуваат учениците со дислексија. Од кога ќе ги забележиме тешкотиите кај учениците потребно е да пристапиме кон неформално идентификување на дислексијата, за кое е потребно е да се изгради систематски пристап кој ви го презентираме во следните 6 чекори:
- Набљудување и евиденција
- Интервју со ученикот
- Примена на генерални стратегии
- Информирање на родителите
- Вклучување на специјалниот едукатор и рехабилитатор како дополнителна поддршка
- Помош надвор од училиштето
