Чекор 3 – Примена на генерални стратегии
Со примена на генералните стратегии, а за да се добијат јасни сознанија за напредокот на ученикот потребно е забележување на состојбата во формуларот за проверка при крајот на првото полугодие или после неколку месеци од наставата. Споредувајќи ги резултатите со почетната состојба , јасно може да се согледа дали тешкотиите се упорни и покрај примена на генералните стратегии за поддршка .
Овие стратегии вообичаено даваат добри резултати. Кај учениците кои имаат послабо изразена дислексија , овие стратегии ќе бидат доволни за тешкотиите да се надминат во првите неколку години од образованието.
Доколку постои загриженост дека и покрај имплементирање на генералните стратегии за поддршка, нема напредок во совладување на тешкотиите и по неколку месеци, потребно е да се определи план за понатамошна поддршка на ученикот.
Генералните стратегии за поддршка се детално објаснети во Модулот број 3 ЛЕКЦИЈА 2:
Како дополнителен прилог кој може да ви користи во секојдневната работа генералните стратегии за поддршка на учениците со дислексија можете да ги преземете со кликнување ТУКА
