Чекор 4 – Информирање на родителите
Во оваа фаза од неформалната проценка треба да бидат вклучени и родителите/ старателите на уленикот.
Повеќето родители се среќни кога разговараат за нивните деца. Понекогаш се свесни за одредени тешкотии со кои се сретнува детето, но не секогаш и не сите родители. Родителите знаат да бидат осетливи кога ќе бидат повикани во училиште заради одредени тешкотии во учењето на нивното дете.
Начинот на кој ќе им се пристапи на родителите при соопштувањето на сознанијата за нивното дете во однос на тешкотиите со кои се соочува, треба да биде внимателно анализиран со цел да се намали ризикот од непријатни ситуации и стрес кај родителите заради информациите кои ги примиле. Треба да се има во предвид дека повеќето родители не се информирани за дислексијата. Најдобри ефекти се постигнуваат ако со родителите разговараат наставникот/класниот раководител, училишниот психолог, педагог или специјален едукатор, настапувајќи како тим кој е загрижен за тешкотиите на ученикот и кој има искрена желба да помогне. Првата средба треба да биде информативна и тоа е најдобрата стратегија за почеток.

Родителите можат да бидат одличен извор на корисни информации кои ви се потребни за ученикот: Какво е однесувањето дома?, Дали има одбивност кон одење на училиште?, На кој начин ги работи домашните задачи? и сл.
Откако ќе воспоставите двонасочна комуникација со родителите, добро е да ја пополните листата за проверка наменета за родителите (Анекс 2) заедно со нив. Доколку проценката е дека родителите не се чувствуваат спремни и дека се под притисок од добиените информациите за да одговорат на прашањата , потребно е да се обезбеди копија од формуларот за да можат внимателно да го разгледаат дома. Освен информациите за тешкотиите поврзани со тешкотиите во учењето, од листата за проврка да дознаете дали има и други фактори кои влијаат на соодветното совладување на вештините.
Листата за проверка наменета за родителите можете да ја преземете со КЛИКНУВАЊЕ ТУКА, исто како и претходниот АНЕКС листата е во *PDF формат кој можете да го отпечатите или пак да го испратите на родителите по електронска пошта.
Откако ќе го разбудите интересот на родителите за тешкотиите на нивното дете, тогаш треба јасно да им предочите во кои делови вашето училиште може да му помогне на ученикот. За таа цел можете да ги користите генералните стратегии детално опишани во модулот број 3.
Запомнете родителите или старателите на ученикот мораат да знаат доколку ученикот покажува знаци на дислексија, и заедно со нив да се изнајде најдоброто решение кои ќе доведе до зголемен успех и здрав емоционален развој на ученикот.
