Проблеми со јазикот и говорот
- Проблеми со фонолошка свесност (тешкотии со рима и ритам,тешкотии со делење на зборот на слогови и гласови )
- Може да има одложен развој на говор
- Говорни нерегуларности
- Мешање на слични букви по звучност во говорот (на пр. т / д, ж/ш, љ/њ, ќ/ѓ)
- Лоша артикулација
- Збунувачка структура на речениците
- Проблеми во наоѓањето на вистинските зборови , (овој проблем честопати продолжува и во подоцнежните фази на развојот)
- Монотонијата на гласот
- Изразувањето на идеи, чувства и мисли може да биде дезорганизирано и лошо секвенционирано
- Неможност да се следат вербалните упатства, особено низата инструкции
- Тешкотија при изучување на странски јазик

