Работни стратегии за ученици со дислексија 1/1
Во оваа лекција ќе ви прикажеме неколку сугестии кои може да бидат од помош и корист при работата со деца со дислексија.
Мали чекори
Поради фактот што децата со дислексија имаат тешкотии во краткотрајната меморија, многу е важно задачите да им се презентираат во мали чекори. Всушност, треба да се дава задача по задача. Доколку во курикулумот се дефинирани повеќе задачи истовремено, може да биде корисна употребата на чек листа за нотирање и следење на прогресот.
Групна работа
Важно е да се планира групната работа. Динамиката на група е многу важна, и дислексичните деца треба да бидат во група кадешто барем еден член на групата е способен да даде некаква структура на групните задачи. Ова може да биде добро искуство за децата со дислексија. Децата во групата не треба да го засенат дислексичното дете. Некој треба да го фацилитира придонесот на детето со дислексија во групата. Иако овие деца може ја немаат истата способност за читање како и другите во групата, тие сигурно имаат способност за сфаќање, и поради тоа тие ќе бидат способни да придонесат на некаков начин.

