Работни стратегии за ученици со дислексија 1/5
Бележник за следење на редот при читање (линијар)
Ваквиот тип на бележници значително го олеснуваат читањето за учениците со дислексија бидејќи во фокус се става еден ред од целиот текст. Овие линијри можете да ги направите и сами (пр. Земете лист хартија или тенок картон и исечете го средниот дел со димензии кои одговараат на фонтот и должината на редовите).
Употребна на соодветен компјутерски фонт
Во нашата држава е креиран првиот и единствен компјутерски фонт DyslexicFZF кој го олеснува читањето кај учениците со дислексија, исто така доколку користите интернет за време на часовите може да го преземете и додатокот “Бато” за Google Chrome кој ќе ги трансформира сите веб страни во “dyslexia friendly” веб содржини. Фонтот DyslexicFZF можете бесплатно да гo преземете и ТУКА ,
Додека пак додавка БАТО можете да ја преземете ТУКА

Отпечатени материјали
Најдобро е сите дополнителни материјали кои ќе ги креирате во текот на наставата да бидат отпечатени со фонтот DyzlexicFZF, исто така потрудете се за учениците со дислексија тестовите да ги отпечатите со овој фонт.
Тастатура во боја
Тастатурите за компјутер кои се во повеќе бои и се означени со поголеми букви, исто така го прават дигиталното пишување многу подостапно и полесно за учениците со дислексија. Истите може да се најдат преку Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците.
