Причини за појава на дислексија
Низ раната историја на дислексијата имало малку емпириски истражувања за нејзините причини. Постоеле многу теоретизирања и дебати, но без никакви научни студии за проблемот. Повеќето истражувања за дислексијата денес се многу различни. Се користат се повеќе емпириски методи и софистицирани статистички техники. Во овој модул ќе бидат резимирани сите значајни причини за појава на дислексијата.
Најголем дел од емпириските истражувања за причините за дислексија се фокусирани на поврзаноста помеѓу фонолошката обработка на зборови како и разликите во структурите на мозокот кај лице кое има дислексија и лице кое нема.
Дислексијата веќе подолго време оддаваше претстава дека генетски се формира во семејствата и секогаш постоеле сомневања дека може да биде наследна, иако за тоа немало никогаш научни докази се до неодамна. Иако поседувањето на гени кои ја прават дислексијата поверојатна, не мора да значи дека децата со ваков ген автоматски ќе развијат дислексија. Идентификувањето на одреден ген не гарантира дека генот кој што се испитува нужно ќе биде активно одговорен за одреден стил на однесување. Факторите на животната средина исто така играат улога. Однесувањето не е функција само на она што сме го наследиле или пак на околината. Однесувањето е секогаш производ и од двата фактори. Како и да е, истражувањата за гени по потекло на дислексија се убедливи и укажуваат на тоа дека детето со идентификуваниот ген кој е насочен кон дислексија е со поголема веројатност да ја има таа состојба. Односно доколку имате дислексија, големи се шансите и вашето дете да има дислексија.
