Факти за лицата со дислексија
Во продолжение следат некои важни факти за дислексијата (Demonet, Taylor, & Chaix, 2004; Reid, 2003; Vellutino, Fletcher, Snowling, & Scanlon, 2004).
- Дислексија е вродена.
- Дислексијата е доживотна состојба.
- Дислексијата е генетско нарушување – наследна е.
- Проблемите кои ги предизвикува може да бидат намалени или да се модерираат преку континуирана работа и соодветна ремедијација и интервенција во читањето која што најчесто трае додека трае образованието. Не постои лек за дислексија.
- Дислексијата е поврзана со јазични вештини и вербални способности – некои лица со дислексија може да имаат проблеми во овие области.
- Статистиката покажува дека околу 5-10% од популацијата имаат дислексија.
- Се верува дека момчињата имаат почесто дислексија во однос на девојчињата.
На крајот од првиот модул ќе направиме резиме и ќе изнесеме неколку факти и интересни податоци за дислексија. Со оваа последна лекција се надеваме дека ќе успееме да ви дадеме уште појасна слика за дислексијата како најчестата состојба која предизвикува потешкотии во учењето.
Дислексијата е состојба при која мозокот различно ги процесира пишаниот или говорениот јазик и создава потешкотии во читањето, пишувањето и генерално во учењето со која се соочува 10 до 15% од светското население.
Дислексијата не е болест и не претставува медицински проблем, туку образовен.
Дислексијата не треба да се гледа како попреченост туку како различен стил на учење и различен начин на размислување. Востановениот образовен систем кој се применува во нашата држава не е соодветен за стилот на учење на учениците со дислексија.
Многу познати личности во светот се соочувале со дислексија, заборуваат јавно за тоа и веруваат дека токму дислексијата е причина за нивниот успех. Кои се познати и успешни луѓе се соочуваат со дислексија можете да погледнете на видеото подолу.
На крај запомнете дека токму вие кои работите со учениците со дислексија сте тие кои најмногу можете да присонесете за здрав и успешен развој на учениците со дислексија и потешкотии во учењето! Можеби токму вие ќе бидете причината за појавата на следниот Алберт Ајнштајн, Стив Џобс или пак Пабло Пикасо!
