Што можете да направите? 1/2
- Помогнете му на ученикот да се чувствува важен во часот. Би било корисно во насока на подигнување на самодовербата да му дадете одредени работни задачи во училницата или да најдете начини на кои тој може да им помогне на другите. Кажете му на ученикот дека му ја давате оваа одговорност затоа што сте уверени дека може добро да го стори тоа. Неколку примери: нека се грижи за некои одредени активности на часот за што ќе се чувствува одговорен; изберете ученик што има ниска самодоверба да ви направи некоја услуга со што ќе се почувствува, горд , нека ги собере тестовите по завршување на часот , дајте му задача да му помогнете на друг ученик со некој проблем, пратете го да пренесе некоја порака на друга наставничка. Дадените примери нека бидат инспирација за вашите креативни идеи при подигнување на самодовербата кај некои ученици.

- Ангажирајте го ученикот за неговите интереси. Ученикот може да стекне самодоверба од вклучување во активности во кoи може да се почувствува успешен. Најдете неколку минути секој ден за да разговарате со него за неговите омилени хоби, спорт, телевизиски програми или музички групи. Доколку е потребно, прашајте ги неговите родители за овие информации да ви дадат основа за разговор со него. Предложете начини на кои тој може да ги следи своите интереси со поголем интензитет. Можеби ќе донесете книга или или списание од дома поврзани со некој од неговите интереси.
