Профил на ученик со дислексија 1/2
Neil MacKay (2005) – Креаторот на концептот за “Dyslexia friendly school” ја опишува дислексијата како разлика во учењето која може да предизвика тешкотии при стекнувањето одредени вештини. Бидејќи дислексијата претставува континиум, не сите ученици со дислексија ќе се соочуваат исти тешкотии при учењето ниту пак исто ќе се однесуваат. Учениците со дислексија имаат силни страни или тешкотии во различни домени, во помала или поголема мера. Ова зависи од видот и степенот на дислексијата, од возраста на ученикот и од видот на образовна поддршка што ја добиваат. Многу е важно да се нагласи дека често тешкотиите кои ги имаат учениците со дислексија се избалансирани со одредени предности карактеристични за нив (McGregor, 2007; Neil MacKay, 2005) како што се:

