Генерални стратегии за поддршка на учениците со дислексија 1/3
| ГЕНЕРАЛНИ СТРАТЕГИИ ЗА ПОДДРШКА | ||
| Стратегија | Зошто е тоа потребно ? | |
| 13. | Никогаш не ги потенцирајте грешките со црвено пенкало | Нема поголема болка за ученик со дислексија кога ќе му се врати тест прекриен со црвено мастило, во услови кога тој вложил повеќе труд од своите соученици за да го одговори тестот.
|
| 14. | Пишувајте јасни , прецизни и кратки инструкции. | Учениците со дислексија можат многу лесно да се “ изгубат во мноштвото од зборови“ и при тоа да се дезориентираат и да не запомнат ништо од кажаното. |
| 15. | Направете проверка дали ученикот ја разбрал инструкцијата. | Охрабрете го ученикот со свои зборови да ви каже дали го разбрал вашето барање.
Набљудувајте дали, на пример:ја отвора книгата на страница 36 и дали почнува да ги заокружува сврзниците, како шт сте ја задале инструкцијата Понудете му помош доколку забележите дека не е сигурен. Доколку сте во можност обезбедете копија од предавањето што ќе му ја дадете на ученикот дома. |
| 16. | Редуцирајте го препишувањето од табла.
Доколку тоа е неопходно тогаш обележете го секој ред со креда со различна боја така што следењето ќе биде полесно. |
Визуелното следење на редовите во текстовите или на табла честопати бара голем напор од ученикот. Различните бои на редовите им ја олеснува работата. |
| 17. | При презентација на материјалот користете илустрации, графикони или видео материјали додека го предавате градивото. | Дислексичните ученици создаваат асоцијации преку илустрациите и полесно учат. Всушност, ова е корисно и за учениците кои немаат дислексични тешкотии |
