Проблеми при читање
Ученик со дислексија може да има тешкотии во сите или некои од следните области. Многу од наведените тешкотиите можат да се јават кај децата до 8 годишна возраст што не значи дека детето има дислексија.
Загриженоста во врска со дислексијата треба да се појави само ако таквите тешкотии продолжат и покрај дополнителна поддршка, и / или кога тие се комбинирани со голем број други тешкотии од наведените подолу:
- Тешкотии со дешифрирање на пишани зборови
- Бавно читање кое нема флуентност
- Го губи местото при читање или користи прст / маркер за да го одржи местото
- Тешкотии со разбирање на прочитаното
- Има тешкотии во изборот на најважните точки од пасус
- Невообичаен изговор на зборови кога чита гласно
- Монотоно читање без примена на интерпукција
- Чита зборови во погрешен редослед
- Прескокнува или повторува зборови или редови
- Заменува или додава слогови
- Се збунува од слични зборови (на пример, до / од, на / па, лов /лев)
- Тешкотија да го забележи растојание меѓу зборовите во текст
- Слаба фонетска свесност (на пример, тешкотии при делењето на зборовите на слогови или поединечни гласови)
- Додава членови на зборовите кога тие не се членувани ( на пример “врата“ може да го прочита “ вратата“
- Тешкотии за да направи разлика помеѓу визуелно слични букви- често ги меша ( к-ќ , њ-љ, п-н, м- и, а-е, Ш-Е, Џ-Ц ) аритметички симболи ( + – x ) и броеви (6-9, 7-4, 6-5, 2-5)
